Историја за Вевчанскиот Карневал


Вевчанскиот карневал, стар повеќе од 1.400 години е интересен спој меѓу паганското и современото. Се оддржува на 13 и 14 јануари(на првиот ден од новата година, според стариот календар). Главни карактеристики на карневалот сеЧ архаичноста, таинственоста и импровизацијата. По своите специфични особини се разликува од сите други карневали во светот. Местото на карневалското случување е целото Вевчани, кое, за време на неговото оддржување се претвора во своевиден театар без граници каде што секоја куќа, улица е сцена каде маскираните ги изведуваат своите игри како вистински актери.
Постојат три традиционални маски: зет и невеста, Глупи Август и музичари. Останатите маски во суштина се помали или поголеми карневалски групи, кои со костимите, гестовите и движењата обично ги исмеваат и жигосуваат појавите и личностите од општествениот живот.
Особено е карактеристична улогата на Глупи Август. Оваа маска обично ја носат млади луѓе, полни со енеркија, а кои со публиката комуницираат со невообичаени движења и гестови, но и со карактеритичен врисок.
За времетраењето на карневалот, маскираните ја имаат сета слобода и "занес" во "поставувањето на светот наопаку", слобода во која до израз доаѓа креативноста на духот, смислата за импровизација, критика и иронизирање. Службено, во карневалот не учествуваат жени. Тие, сепак се маскираат но на крајот не ги симнуваат маските како останатите.
Во 1993 година Вевчанскиот карневал, односно Вевчани станува член на ФФЦ - асоцијација на светските карневалски градови во која Вевчани, на големо негодување на Грција ја внесе Република Македонија под своето уставно име. Веднаш потоа се оживотворува иницијативата на Вевчани за национална карневалска асоцијација вокоја влегуваат и Струмица, Прилеп и други места каде се настојува да се оживее карневалската традиција. Прв претседател на Македонската карневалска асоцијација беше сегашниот градоначалник на Вевчани - Васил Радиноски.
Вевчанскиот карневал набрзо потоа, преку своите претставници и карневалски групи се претставува и на други места во светот, но и во Вевчани се претставуваат карневалски групи од други земји.
Карневалот во Вевчани, беше повод во 1996 година, на местото на настанот да се оддржи семинарот на тема "Обичаи под маски", со учество на домашни и етнолози од повеќе европски земју, кои од карневалот на јавноста и ги издвоија основните карактеристики: традиционалните маски, појавата на ликови од општествениот живот, но и елементите кои го сочинуваат првобитниот слој на обичајот. Се разбира, тие дадоа и свое видување и за новините инкорпорирани во традиционалниот обичај. На вевчанскиот карневал, воевиден "Театар без ѕидишта", не му се случило да ја одложи претставата. Тој од година во година се повеќе и повеќе го предизвикува интересот на јавноста, како во земјата така и во светот.
Покрај самите актери во неговата афирмација учествуваат бројни новинарски екипи, сниматели и фоторепортери. На почетокот на осумредетите години Вевчани го посети францускиот етнолог и фоторепортер Жан Мари - Стенлен, кој во 1984 год. во париски "Бобур" но и во други културни центри во европа на културната јавност и понуди репортажа од Вевчани, во која тој со чувство на уметник ги овековечи карневалските настани во Вевчани. Маските и сеансите тој ги има снимено спонтано и со голема вештина и на светот му понуди документ за вевчанската посебност, во која моделите егзистираат во совршената едноставност на вевчанските екстериери. Неколку фотографии на оригинални маски од вевчанскиот карневал, од овој автор, најдоа свое место и во големата енциклопедија на европските карневали, публикувана во Париз 1986 год.
За времетраењето на карневалот вевчанци од целиот свет се прибираат дома за да учествуваат во единствената "претстава" обилно залиена со црвено вино, во која има место и за секој добронамерник со карневалски дух.


                  Затоа, добредојдени сте на карневалот во Вевчани

Click for Охрид, Macedonia Forecast

 
Click for Охрид, Macedonia Forecast This website was created for free with Own-Free-Website.com. Would you also like to have your own website?
Sign up for free