|
![]() |
|||||||
Историја за Вевчани
Изворите говорат дека Вевчани е чисто словенска населба. Неговата прва локација не била денешно Вевчани. Таа се наоѓала нешто понадолу од подножјето на планината Јабланица, на местото што денеска се вика Селиште. Вевчани е стара населба, а нејзините почетоци датираат од крајот на VI, односно почетокот на VII век, кога словенското племе Березити (Брсјаци) го преплавуваат Струшкиот крај и ја населуваат локацијата на денешно Вевчани, југоисточно од планината Јабланица. За тоа од кога ја стретнуваме населбата Вевчани запишана во документите, низ вековите, има повеќе изворни документи. Еден од нив е Калимановата грамота, како досега најстар истражен документ. Во него се говори дека Вевчани како селска населба е евидентирано од крајот на IX век и тоа како мошне развиена, економски јака и обврзана да дава дано во натура на бугарскиот кнез Борис, а по него и на царот Симеон Велики. Името на Вевчани произлегува од чисто словенски збор. Тое е старословенскиот збор ВЕС (село), односно за шителите на тоа село СЕЛЧАНИ, а за ВЕС (ВЕСЧАНИ). Вака по пишуваното правило врзано за промените на зборовите во литературноит јазик, конечно се извела именката Вевчани. За населувањето на првите семејства и родови на Вевчани досега е се што се знае се темели на претпоставки и легенди. Така, првите населени вевчанци била браќата Калан и Алул. Иако браќа се населиле на една локација во Вевчани, братот Алул го населил горниот крај на селото и ја создал семејната лоза Алуловци. Додека, вториот брат - Калан, го запоседнал долниот крај на Вевчани, во Долно Маало, каде што денеска живее семејната лоза Калановци. На крајот на IX и на почетокот на X век, благородната просветна дејност на Климент Охридски е присутна и во Вевчани. Великиот Климент - неуморен сејач на младата словенска писменост, просвета и култура, станал ипископ на овие краишта под планината Јабланица, зошто според Римскиот Асиманов кодекс, тие припаѓале на областа Кутмичевица. |
|
|||||||
![]() |